Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одбележување на Илинден

Од:

Од 09:00 часот утрово во Скопје, поради одбележување на празникот Илинден, за сообраќај е затворен потегот од крстосницата меѓу улицата „11-ти Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата меѓу улицата „Даме Груев“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрија Чуповски“ и од крстосницата меѓу улицата „Даме Груев“, улицата „Македонија“, улицата „Филип Втори Македонски“ до улицата „Кеј 13-ти Ноември“.

МВР информира и дека од 05:00 до 14:00 часот на улицата „Беласица“ и од 14:00 до 18:00 часот на улицата „Самоилова“ (виадукт кај стоковна куќа Мост) во Скопје, во организација на Друштво за филмска продукција „Фокус Покус Филмс“, ќе се снима филм, поради што Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

-Гграѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните, апелира МВР.

Би можело да ве интересира

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

МВР: Значително намалување на бројот на жртви во сообраќајот во 2022, нова кампања за безбедност на пешаците

Семафорите во центарот на Скопје утре нема да работат

А1он

Железарци ги засилуваат протестите до надлежните: Запрете го возачкото дивеење на „Коце Металец“

Жарко Настоски