Посебен сообраќаен режим поради „Штипската Пастрамајлијада“

Од:

Во Штип од денеска ќе се применува посебен сообраќаен режим околу населбата 8 Ноември, Градскиот стадион и кружниот тек Дујле, каде што од утре почнува манифестацијата „Штипска Пастрамјлијада“.

Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција истакна дека околу 200 луѓе од општината и јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион“ се ангажирани во реализирањето на оваа манифестација на која се очекуваат голем број на гости од земјава и странство.

– Сметам дека и оваа година ќе имаме одлично организирана манифестација, во која вработените од ЈП „Исар“ се ангажирани за комуналната хигиена и набавка на канти за отпадоци. Се покажа како добра пракса во вечерните часови да се чисти просторот. Вработените од „Стипион“ се ангажирани околу обезбедувањето и насоките за паркизните за гостите, вели Захариев.

Тој истакна дека во градот Штип ќе се влегува од сите страни, а гостите ќе бидат насочувани каде да ги паркираат возилата, за што бизнис секторот ги отстапува и своите паркинзи во индустриската зона.

Претставникот на штипските угостители Емил Попадинов вели дека по 15 часот над 35 угостители веќе можат да ги местат своите штандови на кои ќе ја продаваат штипската пастрамајлија. Тој истакна дека угостителите мора да се придржуваат на утврдените стандарди и оваа година контролата за кавлитет ќе биде поголема. Угостителите на гостите мора да им понудат пастрамајлија направена најмалку од 250 грама тесто и 150 грама месо, а цената изнесува 120 денари. Утре во 19 часот и официјално почнува „Пастрамајлијада“, кога ќе биде претставена џиновската пастрамајлија.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски