Посебен режим на сообраќај во Скопје за 23 и 24 септември

Од:

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 23 и 24 септември 2020 (среда и четврток) ќе се одржи меѓународна спортска манифестација „ФИС ролер ски куп Скопје“ во организација на град Скопје, Агенција за млади и спорт, Скијачка федерација на Република Северна Македонија, Клуб за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик скии “ од Скопје и „Мунте“ – Карпош.

За таа цел Одделението за безбедност на патниот сообраќај при МВР во периодот од 08.45 до 10.45 часот, ќе преземе мерки за посебен режим со траса на движење од ул. „Тодор Александров“ пред ОУ „Кочо Рацин“, право по локалниот пат до паркингот кај Средно Водно и понатаму се до паркингот кај манастирот Св. Пантелејмон, село Горно Нерези, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози