Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, поради реализација на трките од „Скопски маратон 2022“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на град Скопје, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Почетокот на трките е најавен во 07.30 часот, со следните траси на движење:
Траса на движење на трката од 5 км: Старт пред Собрание на РСМ, право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, па полукружно на крстосницата помеѓу бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“.
Траса на движење на полумаратонот од 21 км и штафетната трка на 42 км (со напомена дека за штафетната трка на 42 км натпреварувачите се движат два пати по наведената траса): Старт пред Собрание на РСМ на ул.„11 Октомври“, право кон Плоштад Македонија низ Порта Македонија, лево по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, па лево по бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Св.Кирил и Методиј“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, потоа право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, сѐ до крстосница со ул.„Исаија Маџовски“, каде се врти полукружно назад по истата траса, сѐ до Собрание на РСМ на ул.„11 Октомври“ и се продолжува право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по бул.„Србија“ (во спротивен правец), лево по бул.„Јане Сандански“ (во спротивен правец), сѐ до крстосницата со ул.„Јане Сандански“, каде се врти полукружно по истите улици до целта – Плоштад Македонија.
Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвиваат трките со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.