Посебен режим на сообраќај в среда во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре во периодот од 12.00 до 14.30 часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.

– Протестот ќе се одвива со траса на движење од Жена-парк на ул.„11 Октомври“, преку ул.„Димитрие Чуповски“, бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Св. Кирил и Методиј“, па сѐ до зградата на Министерство за образование и наука, велат од МВР.

Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево