Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Од:

Утре во времето од 18 часот до 20 часот, ќе се одржи ревијална трка „Вози право, вози здраво“ со старт од Порта Македонија, десно долж улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Даме Груев“, право по булеварот „ВМРО“ до крстосница со булевар „Илинден“, лево по булевар „Илинден“ до крстосница со улица „Наум Наумовски Борче“ – Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев, соопшти МВР.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, велат од Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава