Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје, поради посетата на Урсула фон дер Лајен

Од:

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека утре и задутре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.

„На 28.09.2021 (вторник) и 29.09.2021(среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе биде делегација предводена од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава