Портпаролот на Меркел: Референдумот ви е причина повеќе за спроведување на договорот

Од:

Германија се приклучи на повиците упатени кон Македонија да го спроведе Договорот со Грција кој ќе го отвори патот на државата кон НАТО и ЕУ, пренесува БТА.

Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Штефан Зајберт изјави дека големата поддршка на референдумот е причина повеќе за спроведување на Договорот, иако излезноста била мала.

Според Зајберт, важно е да се продолжи со поддршката на спроведување на Договорот, кој, како што рече, претставува историска можност за надминување на една пречка во односите на Македонија со НАТО и ЕУ.

Портпаролот на Меркел посочува дека цензусот од 50 проценти, што не беше постигнат, е премногу висок, бидејќи избирачките списоци вклучуваат многу луѓе кои одамна ја напуштиле земјата.

Би можело да ве интересира

Ангела Меркел се враќа во политиката

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Челичната Меркел со совет до властите во Германија: Не се однесувајте како зајак замрзнат пред змија пред АфД