А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Породена Авганистанка и откриени 47 мигранти на територијата на Македонија

by А1он14/08/2016 - 15:41118
Share0

На територијата на Македонија во изминатите 24 часа се откриени вкупно 47 мигранти, од кои 39 во атарот на радовишкото село Дамјан, а осум во близина на граничниот премин Стар Дојран, меѓу кои и бремена жена која била породена од лекари од гевгелиската Брза помош, соопшти МВР.

Добивај вести на вибер

Вчера околу 05:30 часот во близина на раскрсница Богданци од страна на полицијата е откриена група од осум мигранти, меѓу кои три малолетни деца, две жени и тројца мажи. Авганистанката Ф.Х. (20) се пожалила на јаки породилни болки и побарала медицинска помош по што била пренесена кон Гевгелија. Околу 06:25 часот во близина на Богданци пристигнале медицински лица од Црвен Крст и екипа од Брза Помош-Гевгелија.

Бремената жена била превземена од лекарите од Брза Помош-Гевгелија и по пат до болница родила машко дете. Жената со новороденчето се сместени во ЈЗУ Општа Болница Гевгелија, додека останатите лица од групата со кои била во семејно сродство од страна на полицијата се пренесени во Прифатниот транзитен центар Гевгелија.

Во центарот на село Дамјан околу 12:00 часот од полицијата било пронајдено напуштено комбе „Рено Мастер“ со скопски регистерски ознаки, чиј возач избегал од местото на настанот. Еден час подоцна во атарот на селото на стариот земјен пат за село Пугулево кај месноста викана „Бунар“ биле пронајдени вкупно 39 мигранти од Сирија од кои 21 маж, 10 жени и 8 деца.

Лицата биле приведени, а по наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се пренесени во Прифатниот центар на РЦ за ГР Север и Прифатниот центар-Гевгелија.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен