Порнографската група „Јавна соба“ е затворена, членовите отвораат нова

Од:

Групата на „Телеграм“ во која се споделуваа порнографски содржини, односно експлицитни видеа и фотографии од девојки од Македонија е затворена. Администраторите на групата ги известија членовите дека веќе не можат да се споделуваат фотографии и дека е отворена нова, но на друга платформа наречена Discord.

Според комуникацијата во групата, може да се види дека администратор е лице со кодно име „Медо“, односно @GolemMedo, чиј мобилен телефон е скриен.

Неофицијално, станува збор за двајца администратори од каде потекнала идејата за споделување порнографски содржини, но и двајцата не живеат во земјава.

Како што дознава „А1он“, оваа група првично се отворила на онлајн платформа, а со цел членовите да можат да споделуваат експлицитни содржини од познати актерки, пејачки, новинарки, водителки, но и разголени фотографии и видеа од малолетни девојки. На оваа платформа немало можност да се разговара, туку членовите само ги споделувале порнографските материјали со кои располагале.

„Имаше дури и случај кога си ја препознав мојата сосетка, а еден од членовите си ја виде бившата девојка. Тие материјали навистина беа шокантни, особено што се најдоа во рацете на многу луѓе“, сведочи за „А1он“ еден од поранешните членови на групата, која функционирала до пред 2 месеци.

Кога веќе се собрале голем број членови, настанала и „Јавна соба“ на руската апликација „Телеграм“. Телеграм бил избран затоа што, според администраторите, таа била една од најбезбедните апликации, односно тешко можат да се пробијат разговорите и споделените материјали.

Споделените фотографии и видеа се уште постојат во затворената група на „Телеграм“

Откако се обелодени случајот, а МВР поведе постапка, од групата излегоа над 600 членови и очигледна беше паниката која настана.

„Медо, те има на телевизија. Ќе треба да изградат нов затвор за сите 7.000 членови“, му пишуваа на администраторот членовите на групата.

Пред половина час, од администраторот пристигна соопштение дека групата се затвора и се отвора нова, тој отстрани голем број од членовите кои упорно прашуваа како можат да ги зачуваат веќе споделените материјали односно порнографските видеа и фотографии. Иако групата е затворена, сепак таму се останати сите споделени материјали, од кои дел се преземени од Интернет, дел се од Инстаграм профилите на девојките, а за дел е повеќе од јасно дека станува збор за приватни видеа и фотографии кои не биле направени за дистрибуција и за поширока публика.

На случајот веќе работи МВР, но неизвесно останува дали со оглед на тајноста и безбедноста на „Телеграм“, ќе може да се дојде до имињата на членовите.

„А1он“ веќе објави дека на листата членови нема само малолетни лица – напротив, наидовме на имиња на неколку политичари, бизнисмени и новинари, но редакцијата реши да не ги објавува јавно, со оглед на тоа што апликацијата нуди можност некој да биде додаден во одредена група без да знае и без да даде согласност, па токму затоа, сметавме дека треба да се почека на завршување на истрагата од страна на надлежните со цел да се добие комплетна информација.

Би можело да ве интересира

Телеграм ја прилагоди својата политика за приватност за да сподели повеќе податоци со властите

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

Дуров: Помогнав во борбата против тероризмот во Франција

Шефот на Телеграм Дуров останува во притвор во Франција

Катерина Ѓуровски

Уапсен сопственикот на Телеграм

Турција го деблокираше Инстаграм по девет дена