Поранешниот штипски градоначалник си замина од кабинетот

Од:

Поранешниот градоначалник на општина Штип, Илчо Захариев денеска го напушти градоначалничкиот кабинет, а во соопштението до јавноста вели во изминатите четири години му било чест со неговиот работен ангажман и посветеност барем малку да го подобри животот на граѓаните во нивните населби и села.

– Тоа што го ветив на почетокот на мандатот, целосно го исполнив и Штип повеќе не истиот град што го затекнав во 2013 година. Верувам дека не ве разочарав, а тоа што е сработено во градот останува за идните генерации. Општина Штип ја оставам целосно консолидирана, без долгови, и сите проекти кои се завршени се платени се вели во писменото соопштение на Захариев.

Тој забележува дека во овој момент на сметката на општина Штип има 4.350.000 денари. Општина има побарувања по основ на комуналии од околу 69 милиона денари или околу 1.119.000 евра, додека тековните обврски на општината изнесуваат околу 6,6 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена