Поранешниот извршен директор најави рестартирање на ски-центарот Кожув

Од:

Поранешниот извршен директор на ски-центарот Кожув, Ангел Наков објасни дека судското рочиште за стечај беше одложени бидејќи доверителите не сакаат тој да оди во ликвидација.

Ски-центарот започна да се гради во 2007 година, а стечајот е покренат минатата година од група вработени за делумно неисплатени плати. Наков информираше дека за неколку години во центарот биле вложени околу 20 милиони евра.

– Се направи пристапен технички пат, па нов регионален од девет милиони евра, снабдување со електрична енергија, улици во должина од над шест километри, канализација и водовод, првата шестоседна жичара во Југоисточна Европа како огромна инвестиција од шест милиони евра, системи за вештачки снег и многу други работи. За жал сето тоа беше доведено во прашање со одлуката на претходната Влада, на Кожуф да се градат рудници, соопшти Наков.

Тој изрази надеж дека проблемите ќе се надминат и ќе се рестартира работата на ски-центарот.

Би можело да ве интересира

Левица со поддршка на протестот против мини-хидроелектрани на Кожув

Горан Наумовски

Спасени четворица кои залутале на Кожув

Кожув доведе двајца Американци за новата сезона

Еколошките здруженија против рудник на Кожув

Наум Локоски

Пожар кај локалитетот Васов град

Наум Локоски

(ВИДЕО) ЛДП: Кожув да се прогласи за заштитено подрачје

Наум Локоски