Левица со поддршка на протестот против мини-хидроелектрани на Кожув

Од:

Денеска, на местото Смрдлива Вода, жителите од Гевгелија, Неготино, Демир Капија, како и организации кои се борат за зачувување на животната средина и здруженија на граѓани, преку сенароден протест го искажаа своето силно негодување за изградбата на две мини- хидроелектрани на реката Дошница на планината Кожув.

Протестот беше поддржан и од партијата Левица.

„Мини-хидроелектрани во вкупното производство на струја имаат минимален удел, додека за инвеститорот имаат максимален профит – за сите останати, тоа сепак значи уништување на животната средина, во случајов една од најчистите реки во државата, Дошница. Протестот е предупредувачки до властите и надлежните институции. Народот од гевгелиско, неготинско, кавадаречко и демиркаписко спремен е со жив штит да ја брани реката Дошница и планината Кожув од експлоатацијата на олигарсите – за што веќе имаа една протесна блокада пред багерите кои се наместени и пробиваат пат. Народот бара Кожув да стане национален парк“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Црвена младина: Мицкоски е отсечен од реалноста – младите не формираат семејства поради ужасни услови за живот

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Левица: ЕУ директно го негира македонскиот идентитет преку сестринските партии на ДПМНЕ и СДС

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Левица: Пензионирани пилоти и ова лето ќе гаснат пожари – пожарникарите не поседуваат ниту минимум потребна опрема

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ