Поранешни вработени во „Треска“ маршираат до Влада, а вработени во „Охис“ протестираат пред Собрание

Од:

Со маршеви и протести вработени во поранешните фабрики Треска“ и „Охис“ денес си ги бараат неисплатените плати и придонеси. Поради протестот на вработените во „Охис“ блокиран е центарот на Скопје.

„Денес во 9 часот започнат е протестот на поранешни вработени во АД ‘Охис’ на кој се присутни околу 80 граѓани. Истите од пред ССМ почнале со движење кон Собрание на Република Северна Македонија. Сообраќајот се пренасочува“, велат од МВР.

За маршот на поранешните вработени во „Треска“, од МВР велат дека нема затворање на улици за сообраќај.

„Во 10.40 часот околу 40 вработени од фабриката ‘Треска’ почна марш од фабриката кон Влада. Се движат по тротоар и засега нема блокирање на сообраќај“, известија од МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите