Пораки за успех, пакетче со училиштен прибор и Бонтон за првачињата во Центар

Од:

Општина Центар им посака топло добредојде на околу 600 првачиња кои денеска првпат седнаа во училишните клупи. Таму ги дочекаа пораки за многу успех и добро здравје во текот на целата учебна година, како и пакетче со училиштен прибор и Бонтон за деца за добро однесување на училиште и во домот. Целта на оваа активност е првоодделенците да го почувствуваат училиштето како свој втор дом, во кој ќе научат многу нови работи, но и ќе стекнат нови другари, велат од Општина Центар.

„Илустрираниот бонтон содржи повеќе совети за тоа како треба да се однесуваат со соучениците, како да се грижат за инвентарот, а годинава, со оглед на ситуацијата во која ќе се одвива наставата, вметнати се и содржини за правилно миење раце и одржување хигиена додека се во училиште. На сите првачиња, но и на останатите ученици им посакувам среќен почеток на учебната година, да бидат трпеливи и да ги почитуваат здравствените, со цел со заеднички сили да ја надминеме целата ситуација“, вели Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар