„Порака“ од Струмица организираше хуманитарен хепенинг за велигденските празници

Од:

Под мотото „Да ги отфрлиме стереотипите, а да ја подигнеме свеста за нашите потенцијали и можности“, Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Струмица денес организираше хуманитарен хепенинг по повод одбележување на христијанскиот празник Лазарова сабота и претстојните велигденски празници.

На хепенингот беа претставени ракотоворби, украси, велигденски јајца, кошнички за велигденски јајца и други креации со велигденски мотиви, изработени од децата и младинците со интелектуална попреченост и нивните родители-членови на здружението.

-Граѓаните за симболична сума можеа да купат ракотворби и украси, а парите собрани од продажбата на креациите ќе ги искористиме за опремување на Социјалниот Клуб на „Порака“ со потребните дидактички материјали за работа, рече Соња Сачевска претседател на организацијата.

Овој настан, како и серијата претходни креативни работилници, се дел од Годишната програма за работа на „Порака“ за оваа година.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски