Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Од:

Поради врнежи од снег денеска од 6.50 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Во НП Маврово поставени 60 камери за видеонадзор

АМСМ: На Попова Шапка врнежи од снег кој не се задржува на коловозот, Во Крушево намалена видливост поради магла

Слаб снег на Попова Шапка, сообраќајот се одвива без застои

Горан Наумовски

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево поради обилни снежни врнежи

Горан Наумовски

AМСМ: На одредени делници поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење