Поради сообраќајка затворен патот Куманово – Крива Паланка

Од:

Поради сообраќајна несреќа, затворен е за сообраќај магистралниот пат А2 Куманово – Крива Паланка, кај кривопаланечкото село Псача.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи, сообраќајката е пријавена во Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка во 13 часот и 57 минути. Сообраќајката се случила кај селото Псача, општина Ранковце, помеѓу две патнички моторни возила, од кои едното е со регистарски ознаки од Република Бугарија.

МВР информира дека увидот е се уште во тек.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот е во прекин од 14:30 часот.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ