На 7 мај неколкучасовни блокади на патот до скопскиот аеродром

Од:

Со оглед на посетата на Папата Франциск на Република Северна Македонија, на 7-ми мај 2019 година и регулираниот сообраќај на патните правци до и од Меѓународниот Аеродром Скопје согласно информациите објавени на веб-страницата https://papa.mk, ги информираме сите патници кои имаат утрински летови од Меѓународниот Аеродром Скопје на 7-ми мај, дека ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во 7 часот, бидејќи од 7:30 часот до 9 часот патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај, додека оние патници кои ќе имаат вечерни летови, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворен за сообраќај.

За сите детали во врска со режимот на сообраќај од Аеродромот до Градот Скопје и евентуални измени, Ве молиме проверете ја веб- страницата https://papa.mk/soobrakjaj/ и контактирајте ги релевантните државни институции.

Во врска со редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија, од Градот Скопје до Меѓународниот Аеродром Скопје и во обратната насока, со официјалниот превозник Манора, на 7-ми мај, временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени, освен линијата која во 8:30 часот поаѓа од Аеродромот кон Скопје, која што на 7-ми мај ќе тргне половина час подоцна. За сите информации и евентуални измени во автобускиот превоз за патници од и до Аеродромот, Ве молиме проверете на веб-страницата на Манора: https://www.manoragroup.com/en.

Би можело да ве интересира

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Џафери не смее да излезе од Македонија: Зошто собранискиот спикер не патува истовремено со претседателот

Орце Костов

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска