Поради паричен долг млад штипјанец со пиштол пукал во сограѓанин

Од:

МВР извести дека полициски службеници го уапсиле Р.Х.(21) од Штип.

Тој се сомничи дека, по претходна расправија и поради нерасчистени должничко – доверителски односи, од пиштол пукал кон П.Ј.(26) од Штип, но не го погодил.

Од него биле одземени пиштол „Зораки мод 914″ и една рамка за куршуми, а при увидот на местото биле пронајдени три чаури калибар 9 мм.

Исто така, при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени повеќе од 70 куршуми различен калибар.

– Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Се претставуваат како спасители на повредени роднини и им ги земаат заштедите на повозрасните

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети

Мамдани најави истрага за пукањето во Бронкс

Пукање во Норвешка: Има загинати

Предраг Петровиќ

МВР: Оружен инцидент во Арачиново, ранет е 48-годишен маж

Горан Наумовски