Поради оставката на Заев, Вучиќ во дилема дали да се одржи состанокот за Отворен Балкан

Од:

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, кој синоќа поднесе оставка на премиерското место, на 3 и 4 ноември нема да дојде во Белград, како што првично беше планирано, на состанок на иницијативата „Отворен Балкан“, пишува денеска белградска „Политика“.

– Господинот Заев нема да дојде во Белград со оглед на политичката ситуација, пренесува „Политика“ изјава од Кабинетот на Заев, додавајќи дека „Северна Македонија ќе биде претставена на состанокот во Белград со друг политички преставник, кој ќе биде утврден денеска или утре“.

Првично беше планирано македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама да ја посетат Србија на 3 и 4 ноември, на средба по повод иницијативата „Отворен Балкан“.

По изборните резултати на вчерашниот втор круг од локалните избори, премеирот Заев синоќа поднесе оставка од премиерската функција, како и од лидерската позиција на СДСМ, што го услови и неговото доаѓање во Белград.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој престојува во Глазгов на Самитот за климата, денеска се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама и со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

– Силна поддршка за „Отворен Балкан“. Дали да ја одржиме или одложиме средбата во Белград, имајќи ги предвид настаните во Скопје?“, напиша Вучиќ на официјалните профили на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Голема измама на „Вреди“ за Отворен Балкан

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

БЕСА бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“

Талески: Милошоски итно да закаже седница на Комисијата за ратификација на договорите од Отворен Балкан

Владата во Белград однесе над сто луѓе на државна сметка да дегустираат вина

A1on