Владата во Белград однесе над сто луѓе на државна сметка да дегустираат вина

Од:

Околу 150 луѓе, од кои најголем дел од Владата и ресорните министерства и десетина претставници на Стопанската комора, присуствуваат на Саемот во Белград организиран во рамките на Отворен Балкан.

Според информации на „А1он“ над стотина луѓе од Владата и министерствата присуствуваат на неколкудневниот Саем и на Самитот Отворен Балкан на кој се зборуваше за светската енергетска криза, штедењето во услови на нагло поскапување на електричната енергија и гасот.

Владината делегација ја предводи премиерот Димитар Ковачевски. Дел од македонската делегација на Саемот во Белград се ресорните министри за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, за правда Никола Тупанчевски, за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, и вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ.

„А1он“ го праша портпаролот на Владата, Душко Арсовски колку луѓе брои државната делегација, колку ќе ги чини граѓаните ова патување во Србија среде економска криза и започнати мерки на штедење и дали има потреба големи делегации од над стотина луѓе на државна сметка да патуваат на вакви настани, но не доби одговор.

„А1он“ преку слободен пристап до информации од јавен карактер побара од Владата да ги достави имињата и презимињата на сите лица кои патувале на трошок на државниот буџет и колку вкупно е трошокот кој овие лица го направиле.

Премиерот Ковачевски е домаќин на „Македонската вечер“ каде што ќе присуствуваат и владините делегации, меѓу нив и петте министри кои ќе ги промовираат македонските производи, вината и храната.

На саемот учествуваат повеќе од 330 изложувачи од 22 земји, а Македонија е претставена со вкупно 42 винарии и 3 дестилерии од нашата држава кои пред посетителите ќе презентираат повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии.

Во рамки на активностите во Белград се одржа и традиционалниот лидерски политички самит на Отворен Балкан предводен од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски