Поради минирање утре едночасовен прекин на сообраќајот кај Пресека

Од:

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Пресека – Врбјане утре сообраќајот ќе биде во прекин од 15:00 до 16:00 часот, поради изведување градежни работи (минирање).

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација, како што посочуваат од АМСМ, се однесува само за македонската страна на премините. 

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози