Поради лошата здравствена состојба на Бошковски одложено третото рочиште за „Ровер“

Од:

Поради лошата здравствена состојба на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, утринава беше одложено третото судско рочиште за случајот Ровер.

До судот од страна на затворот Идризово стигнало соопштение дека состојбата на Бошкоски е лоша но без да се прецизира за што точно се работи.

Судењето е одложено за утре, кога адвокатите треба да му поставуваат прашања на Бошкоски, а потоа исказ пред судот треба да даде Зоран Трајковски, шеф на обезбедувањето на Бошкоски во тоа време.

За случајот на убиството на Мартин Тушевски и Киро Јанев, обвинети се 15 лица, но првите четворица, кои се наведени како директни извршители и еден од нив организатор, се во бегство и се недостапни за органите на прогонот.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални