Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека утре од девет до 12 часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30-тиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година во СРЦ „Борис Трајковски“ кој ќе се одржи од 29 ноември во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

– За сообраќај ќе бидат затворени следните улици: Бул.„Илинден“ од крстосница со Бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Љубљанска“ и Бул.„8-ми Септември“ од крстосница со ул.„Скупи“ до крстосница со Бул.„Партизански ддреди“, велат од МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина