Поради долг кон ЕВН исклучени неколку објекти на кумановски „Водовод”

Од:

Управната зграда на ЈП Водовод“, резервоарите за вода лоцирани во населбите „Карпош“ и улицата „Бајрам Шабан“ и уште неколку згради сопственост на претпријатието се без електрична енергија поради дог кон ЕВН во висина од 60 милиони денари.

Директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски информира дека засега водоснабдувањето на градот се одвива без проблеми, бидејќи, како што рече, од менаџерскиот тим, вклучени се пумпмите од Бедиње и Проевце од каде претпријатието добива доволна количина на вода за потребите на градот.

Тој додаде дека активирањето на алтернативните извори дополнително финансиски го оптоваруваат претпријатието.

– Се надеваме дека ќе имаме разбирање од ЕВН и дека ќе можеме да го подмириме долгот на максимум дозволениот број на рати кои ги нуди компанијата кон корисниците, согласно нашите можности. Сепак, мора да нагласам дека електричната енергија е неопходна за нормално функционирање на претпријатието, а со тоа и непречено водоснабдување за тие делови од градот, вели Стојковски.
Директорот на претпријатието вели дека се свесни за долгот што го имаат. Од 2010 до 2014 година, платени се 18 милиони денари кон ЕВН, а последнава година 9,5 милиони денари.

Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачевски информираше дека компанијата отворена е за разговори и за изнаоѓање правилно решение, за како што вели, сите недоразбирања околу плаќањето на сметките на своите корисници, како и за оние кои, како што рече, се од интерес на поголем број граѓани, како што е овој случај.

– Но како за ова претпријатие, така и за сите корисници важат законските одредби и правилата за снабдување. Секој колку што има потрошено ќе треба да плати. Веќе подолг период разговарано е со ова претпријатие, ќе разговараме и понатаму да се надмине состојбата, но поголема одговорност кон сосстојбата би требало да имаат и првите луѓе на ова ЈП и другите надлежни за него, вели Ковачевски.

Додаде, дека ЕВН останува отворена за надминување на проблемот.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Денеска електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со струја

А1он