(ВИДЕО) Попоски: Собранието изгласа да биде исклучен законот за јавни набавки, „Траекторија“ е измислен случај

Од:

Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека случајот на СЈО „Траекторија“ е доказ дека СЈО се обични извршители на Зоран Заев и СДСМ.

– Тврдењата се измислени, првата инсинуација со која се обидува да се креира случај е тоа дека имало штета на државниот буџет од 155 милиони евра. Штета не постои, целта е да се привлече вниманието на јавноста. Се работи за капитален проект од кој имаат корист сите граѓани. Втората инсинуација е дека не бил применет законот за јавни набавки. Собранието донесе закон за инфраструктурни проекти за овие автопати врз основа на законот за ратификација на договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на народна Република Кина. Овде е исклучен законот за јавни набавки, рече Попоски.

Според него, скучени биле меморандуми со две компании кои доставиле понуди, а во 2013 годна е избрана најниската понуда.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски