Поповски: Македонија размислува за ограда и војска на границата

Од:

Македонија ја разгледува можноста за изградба на ограда на својата граница слична по примерот на Унгарија за да го сопре големиот прилив мигранти, изјавил министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за унгарскиот неделник „Фигело“.

Во интервјуто тој нагласил дека Македонија најверојатно ќе и биде потребен некој вид на „физичка заштита“, иако тоа нема да биде долгорочно решение.
Европските држави меѓу кои најмногу Франција и Германија остро ја критикуваа Унгарија за изградба на 175 километри долгиот 3,5 метарски ѕид долж границата со Србија за пренасочување на бегалците на премините каде што тие можат да бидат регистрирани. Повеќе од 160.000 имигранти влегле во Унгарија годинава преку Грција, Македонија и Србија, а еднодневниот рекорд е 7.000 бегалци што помина во понеделникот низ Македонија.

11997366_10206336763350724_642757396_n

– Но, ако се земе сериозно што Европа бара од нас, ќе биде потребно и тоа да го направиме исто така. Или војници или ограда или комбинација од двете, вели Попоски во изјавата за „Фигело“, а што ја пренесуваат и британските „Телеграф“ и Ројтерс.

Шефот на македонската дипломатија додал дека Македонија прави најдобро што може за да ги регистрира сите мигранти.

– Но, кога и да ги земеме сериозно барањата од нашите европски партнери за тоа што треба да направиме во обид да ја контролираме границата и да ги запреме луѓето, ние веднаш добиваме негативни меѓународни реакции, вели Попоски во интервјуто за „Фигело“.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило