Поповски и Јолевски на редовен годишен состанок Македонија- НАТО

Од:

Министрите за надворешни работи и за одбрана, Никола Попоски и Зоран Јолевски денеска ќе учествуваат на редовниот годишен состанок на Република Македонија со Северно-атлантскиот Совет на НАТО, на ниво на амбасадори на земјите-членки на Алијансата.

Како што соопшти МНР, согласно воспоставената пракса, на состанокот ќе бидат претставени постигнатите резултати на нашата земја во реализацијата на севкупните реформи предвидени со Акциониот план за членство на Република Македонија во НАТО, со посебен акцент на политичко-економските и обранбено-безбедносните постигнувања.

Со овој состанок ќе биде затворен петнаесеттиот циклус на имплементацијата на Акциониот план за членство на Република Македонија во НАТО за 2013-2014 година.

Посетата на двајцата министри на седиштето на НАТО во Брисел ќе биде искористена и за средба со Заменик Генералниот секретар на НАТО, Александер Вершбоу.

Би можело да ве интересира

Руте: НАТО подготвен за мисија во Ормутскиот теснец

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Келог: Време е за нов сојуз

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО

Трамп: Ќе се повлечеме од Иран доста брзо, апсолутно размислувам за напуштање на НАТО

Предраг Петровиќ

Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од НАТО