Поповски би пиел кафе со Аврамопулос во Воден

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Поповски, не знае кога би се сретнал со неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос, но на средба со новинарите призна дека би сакал да испие кафе со него во Воден.

Го повика заложбите за добрососедство, што Аврамопулос вчера ги искажа од собраниска говорница, да ги потврдина дело.Наместо бесправно лепење на налепници, со Грција треба да работиме на конкретни проекти, изјави Попоски.

Декларација за пријателство и соработка, заеднички образовно-историски комитет, договорно регулирање на економската соработка, неколку нови гранични премини, ревитализација на железничката пруга Битола-Лерин – ова се стари иницијативи кои Скопје деновиве повторно ги иницира до Атина за да се испровоцира реакција од грчка страна, иако до сега грчките власти истите и по неколкупати ги одбиле.

Идејата за Бенелукс на Балканот, што ја иницираше министерот за економија Ваљон сарачини, според Поповски, нема основа во ситуација на одмината фаза во европската интеграција и во ситуација на економска интеграција со повеќе земји од регионот.

 

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток