Поповска: Од битката со загадувањето некој прави партиска војна

Од:

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска смета дека ултиматумот од „борците против загадувањето од Железарница“ е обид за партиска војна.

Таа за А1он изјави дека како партија која е дел од владината коалиција направиле многу, посочувајќи го како пример стопирањето на рестартирањето на велешката топилница, и затоа смета дека институционалното делување е делотворно.

„ Ако некој сака да прави партиска војна тоа е негов избор, мислам дека секој граѓанин кој сака да го запре загадувањето од Железарница го сака секој човек за соборец“, изјави Поповска.

Поповска објасни дека во договорот за коалиција во новата влада, поставиле пет барања меѓу кои и стопирање на загадувањето од скопската железарница.

На иницијативата на граѓаните од Железара им порача дека соборци има и во опозицијата и во власта, а ДОМ ќе остане во коалицијата за да ги реализира зацртаните договори.

Поповска не сакаше да го коментира дополнително ултиматумот. За пораката дека доколку за 48 часа не издејствува гасење на оџаците, нејзината партија тогаш не е добродојдена на протестите одговори кусо дека овој проблем нема место во политиката.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата