Поповска: Државата има капацитет да се справи со кризата, вистината ќе излезе на виделина

Од:

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска смета дека нејзината изјава во врска со немилите настани во Собранието во одредени медиуми била злоупотребена и извадена од контекст.

– Во мојата изјава јас повикав на разум, одговорност и почитување на институциите, зашто Македонија е наш заеднички дом, кој треба да го зачуваме. Изразив жалење првин за присилните мерки кон новинарите и пратениците, па за нападот кон Претседателот на Собранието и за задните намери на организаторите на протестите. Ние сме пратеници избрани да ги штитиме граѓаните и уставниот поредок, затоа во никој случај не можам да оправдам насилно рушење на институциите. Затоа го кажав и ова: Никој нема право да ја урива државата, ни маж, ни жена, рече Попоска на денешната прес-конференција.

Таа додаде дека кога некој ја прозива треба да објасни со кој дел од нејзината изјава и со кој збор не се согласува.

– И нека не ме употребува за да фрла прашина в очи, со цел да се дефокусира дебатата од суштинските прашања! Во зовриената политичка ситуација имавме ем насилство, ем обид за уривање на државата. Јас се борам и ќе се борам против двете, како и досега! Секогаш сум се водела од принципите за општо добро, правичност и интерес на Македонија, истакна Попоска.

Таа изрази жалење, како што рече, за сите добри луѓе во земјава кои се во овие моменти злоупотребени и изманипулирани на разни начини.

– Вистината ќе измие се. Вистината мора да се каже, независно дали некому му се допаѓа, и независно од цената што за тоа треба да се плати! Сигурна сум дека се ќе излезе на виделина и ќе се разјасни, за да не ни се повтори никогаш веќе, рече Поповска.

Таа  додаде дека верува во македонското општество, бидејќи, како што истакна, тоа имало капацитет да се справи со воен конфликт и со многу други предизвици, и, како што рече, ќе има капацитет да се справи и со сегашнава политичка криза.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски