Попова Шапка догодина се приватизира, целосно или со јавно-приватно партнерство

Од:

Во текот на наредната година ќе објавиме јавен повик за целосна приватизација или за јавно-приватно партнерство (ЈПП) за ски центарот Попова Шапка, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Уште пред кризата ние ја завршивме физибилити студијата и „дју дилиџнс“ за Попова Шапка и за сите туристички објекти кои се во сопственост на ЕЛЕМ Турс. На Владата на Косово и поудивме заеднички да настапуваме во однос на развојот на Попова Шапка и очекуваме од нивна страна да ни одговорат. Во спротивно ние сме подготвени и во текот на наредната година ќе објавиме јавен повик за целосна приватизација на ски центарот Попова Шапка или, пак, преку јавно-приватно партнерство, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека хотелските објекти на Попова Шапка кои се во сопственост на ЕЛЕМ Турс, согласно физибилити студијата и дју дилиџнсот, главно ќе бидат понудени за директна приватизација.

Во одговор на прашање дали некој ќе поднесе одговорност за намалените водостои на реките во земјава, министерот за економија посочи дека веќе побарале анализа од ЕСМ.

– ЕСМ ја достави анализата до Влада и откако ќе ги разглдаме сите податоци и ќе се направи соодветна анализа од надлежните институции ќе ја информираме јавноста и ќе одредиме дополнителни задачи на ЕСМ, рече Бектеши.

Mинистерот за економија Крешник Бектеши ги објасни деталите од владиниот план за ски-центарот, откако премиерот Зоран Заев вчера изјави дека има заинтересирани инвеститори, а се размислувало зимскиот центар да им се понуди во пакет со ски-центарот Брезовица, на косовската страна на планината, за што имало заинтересираност во Косово.

Би можело да ве интересира

Спасувачка акција на Попова Шапка: двајца повредени, со квадрицикл излетале во провалија

Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа

Автомобил излета од патот Тетово – Попова Шапка, загина возачот, 80 годишен Австриец

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ангелов од Попова Шапка: Ќе бараме решение да се намали ризикот од средби со мечките, ова е сепак територија во која природно припаѓаат

A1on

По половина месец повторно можност за скијање на Попова Шапка

Горан Наумовски

На Попова Шапка утрово -13 степени