Попов: Богдановиќ шест месеци откако ја презема локалната власт во Центар, покажа елементарна негрижа

Од:

„Ова зад мене е она што е останато од „Урбан Парк“. Ова место требаше да биде се она што треба да претставува општина Центар. Модерно место кое ќе биде собиралиште на сите генерации луѓе.

Наместо тоа, Центарци се сведоци на негрижата на Општината. Оваа локација од едно културно, средено, зелено катче за одмор и рекреација во овој момент е претворено во едно од најочајните и најгрди места во градот. Граѓаните со месеци се жалат на неподносливата миризба, импровизираните кампови за живеење, искршени клупи, немањето канти за отпадоци и на депониите со ѓубре кои се потенцијална опасност по здравјето на граѓаните. Во последно време Центарци се сведоци и на чување на добиток на овој простор“, изјави Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Градоначалникот Богдановиќ во предизборниот период ветуваше дека ќе се грижи за зеленилото низ Центар и им ветуваше на Центарци паркови и чиста, здрава животна средина. Не само што не се прави тоа, туку се остава на времето да го уништи и она што претходниците го направиле.

Шест месеци откако ја имаат локалната власт во Центар, покажуваат елементарна негрижа.

Свесни сме дека луѓето кои живеат во овие импровизирани кампови се од најтешките социјални категории. СДСМ мора да ги исполнат предизборните ветувања за обезбедување на пристојни живеалишта за овие луѓе. Нивното здравје и здравјето на граѓаните кои живеат во близина на овој простор е загрозено. Оваа ситуација не може и не смее да продолжи до недоглед. Како доаѓа летото така секој кој поминува низ овој простор ќе биде подложен на потенцијална зараза.

Граѓаните имаат право на здрава животна средина. Центарци заслужуваат модерна и урбана општина“, рече Сергеј Попов.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски