Попоски во посета на Тетово

Од:

Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 6 Никола Попоски денеска во Тетово на средби со претставници на здруженија на слепи и на глуви лица и на воени инвалиди презентираше реализирани и идни проекти на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Попоски го промовираше проектот „Автомати за издавање документи“, најавувајќи дека во централни локации низ неколку градови ќе се постават автомати каде што граѓаните врз база на електронска идентификација ќе можат да добијат повеќе услуги и документи, како извод од матична книга, имотни листови, документи од Централниот регистар, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Катастарот и другите.

– Автоматите ќе бидат поврзани преку интернет до оние институции што ги издаваат своите услуги електронски. Граѓаните ќе можат преку платежна картичка да ја платат услугата и дополнителни услуги како вода, струја, телефонија итн.

Особено ќе бидат корисни во општини каде што нема подрачна единица од централните институции и граѓаните постојано треба да патуваат до најблиската канцеларија, изјави Попоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина