Попоски во Брисел на средби со Филе и европратеници

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски од утринава ја започнува својата дводневна посета на Брисел исполнета со серија средби со високи претставници на Европската унија, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Главен настан во агендата на првиот човек на македонската дипломатија денеска е средба со еврокомесарот за проширување на Унијата, Штефан Филе која во 11 часот ќе се одржи во зградата „Берлемонт” која е седиште на Европската комисија.

Тема на разговор на Попоски и Филе се очекува да биде македонската евроинтеграција и се поизвесните шанси за добивање на датум за почеток на пристапните преговори во ЕУ. Денешната работна посета на Попоски на Брисел ќе биде исполнета и со голем број на работни средби со европарламентарци. Така, пред состанокот со Филе, министерот за надворешни работи на Република Македонија ќе разговара со европратеникот Николаи, а освен со него, и со Ричард Ховит, известувач од ЕП за Македонија, Јорго Шацимаркакис, Кирилов, Ковачев и Кастлер, сите припадници на европскиот законодавен дом.

Утрешната агенда на министерот Попоски, пак, е уште понабиена од денешната. Па, така, тој в среда ќе има работни средби со следните европарламентарци: Роучек, Кукан, Свобода, Гианаку, Тенок, Нејнски, Вигенин, Брок и Подимата. Сите овие средби на Попоски се со цел остварување на подобра соработка на Република Макеоднија со нашите соседи и земјите-членки на ЕУ и надминување на спорните прашања со нашите соседи во очекување на пролетниот извештај на ЕК на Македонија и долгоочекуваниот почеток на преговорите за членство на нашата држава во ЕУ.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов