Попоски во Братислава на Глобалниот безбедносен форум

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски учествува на глобалниот безбедносен форум ГЛОБСЕЦ 2014, што од денеска до 16 мај ќе се одржи во Братислава, Словачка.

Како што соопшти МНР, ГЛОБСЕЦ претставува најпрестижна конференција за надворешна и безбедносна политика во Централна Европа со мисија да го стави регионот на мапата на трансатланското стратегиско размислување и во агендата на светската надворешна, безбедносна и економска политика.

На форумот ќе учествуваат претставници од над 60 земји, државници, високо рангирани политичари и еминентни експерти и новинари од целиот свет.

Министерот Попоски ќе се обрати на сесијата посветена на улогата на НАТО во регионот, како и перспективите на земјите од Западен Балкан за приклучување кон НАТО Алијансата, на која се очекува да се претстави искуството на Република Македонија на тој план.

На маргините на Конференцијата, Попоски ќе одржи повеќе билатерални средби со свои колеги и со влијателни личности од меѓународната политичка сцена.

Со одржувањето на овој форум се одбележува и 25-годишницата од падот на комунизмот и 10 години од големото проширување на НАТО и ЕУ.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов