Попоски: Секој што прекршува закон, треба да одговара

Од:

Во врска со најновите настани и обелоденувањето на документот со печат „државна тајна“, од лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, во кој е предлогот на медијаторот Метју Нимиц од 2005-та година за решавање на спорот, министерот за надворешни работи, Никола Попоски изјави дека овој случај има две димензии.

„Првата е институционална. Секој оној што прекршува закон треба да одговара според законите. Втората е политичката. Во тој контекст мислам дека ние како Република Македонија имаме интерес за максимална кохезија и максимален фокус на она што е наша стратешка цел. Во Македонија граѓаните очекуваат дека треба да се фокусираме на постигнување на нашите цели“, НАТО и ЕУ членството, изјави министерот за надворешни работи.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски приреди работен појадок со дипломатскиот кор во земјава.

„Нема сериозни сигнали од страна на Република Грција за поддршка на процесот на интеграција на земјите во регионот и за решавање на спорот со името. Македонија, за разлика од Грција, останува посветена на неговото решавање“, изјави шефот на македонската дипломатија.

„Македонија останува посветена на нејзините стратешки цели и интереси – влез во НАТО и ЕУ. Ќе продолжиме да дејствуваме како земја членка на Алијансата, а нашите очекувања и аспирации се исти како пред, за време и по Самитот на НАТО во Чикаго“, рече Попоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните