Попоски се сретна со претставници на македонската заедница од Австралија

Од:

Можноста македонските организации во дијаспората да аплицираат до Министерството за надворешни работи за реализација на проектни активности за изучување на македонскиот јазик, промоција на македонската култура или фолклор, како и отворање македонски културни центри биле дел од темите на денешната средба во Скопје на министерот за надворешни работи Никола Попоски со претставници на македонските православни црковни општини (МПЦО) од Австралија.

Како што соопшти МНР, во разговорите Попоски го изрази задоволството што претставниците на македонската заедница во Австралија се успешно интегрирани во сите слоеви на австралиското општество, како и доследното почитување на правото на национално самоопределување и негувањето на македонскиот идентитет од страна на федералните власти во Австралија.

Од големо значење за македонската заедница во Австралија, нагласи министерот Попоски, е зголемувањето на бројот на лицата кои се изјасниле како Македонци и лицата кои го употребуваат македонскиот јазик согласно Пописот на населението во Австралија во 2011 година, кои се резултат на мобилизацијата и напорите на целокупната македонска заедница.

Шефот на дипломатијата, како што се наведува, ги поздрави активностите на македонските организации во Австралија кои резултираа со укинувањето на т.н. „славо-македонска директива“ од страна на австралиските федерални власти, со која по 18 години во службената комуникација на австралиските органи повторно беше вратен во употреба точниот назив – македонска заедница.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов