Попоски: Програмата е произлезена од потребите на граѓаните

Од:

Никола Попоски, носител на листата во Изборната единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, денеска изјави дека изборната програма им е конкретна и произлегува од реалните потреби на граѓаните.

– Посветени сме, пред се, на потребите на граѓаните. Ние сме партија, коалиција, која е препознатлива по програмата. Овојпат таа е најразработена, најдетална, реална и произлегува од граѓаните и е направена за граѓаните, истакна Попоски во Скопје.

Меѓу ветувањата во програмата кои ги наведе Попоски се зголемување на пензиите за вкупно 10,25 отсто, подобрување на условите во здравството, реконструкција на Градска општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, за што се предвидени 6 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија