Попоски: Проектот Инфо Центар 24/7 за поголема достапност на услугите на МНР

Од:

Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 6, Никола Попоски, денеска ја посети Општина Јегуновце, каде се сретна со жителите од населените места Беловиште, Вратница, Старо Село и Рогачево.

На средбите тој ја промовираше програмата “Проверено” на ВМРО-ДПМНЕ и досега реализираните проекти во Општина Јегуновце. Особено се осврна на проектот Инфо Центар 24/7 во рамките на Министерството за надворешни работи, којшто е од големо значење за граѓаните на Македонија и нашата дијаспора.

– Цел на овој проект е поголема достапност до сите информации за работата и услугите на Министерството надворешни работи, за сте засегнати граѓани и странки. Тој ќе придонесе за побрзото информирање, но и извршување на потребите на сите оние засегнати граѓани, а со цел да се олесни пристапот до информациите и услугите. Инфо-центарот покрај тоа што ќе биде достапен 24 часа, седум дена во неделата, по телефонска линија, истиот ќе биде достапен и по најновите Интернет и мобилни платформи на социјалните мрежи како: Вибер, Скајп, Фејсбук и Твитер, истакна Попоски.

Попоски денеска ќе ја посети и Општина Брвеница.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина