Попоски: Потврда во Амстердам – контролата на македонско-грчката граница е реалност

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, денеска учествуваше на неформалниот Совет за надворешни работи на Европската унија посветен на западно-балканската мигрантска рута во Амстердам, на кој присуствуваат и шефовите на дипломатиите на земјите-кандидати за членство во ЕУ на оваа рута: Македонија, Турицја, Србија и Албанија.
 
Попоски во изјава за МИА по состанокот потврди дека на овој „Гимних“-состанок е потврдено дека контролата на македонско-грчката граница за заштита од бегалскиот наплив е веќе реалност.
 
Според македонскиот шеф на дипломатијата, најпрво било позитивно тоа што и Македонија учествуваше на овој значаен состанок на кој се разговараа најклучните прашања поврзани со миграцијата.
 
– Нашата улога во оваа криза е видена во позитивен контекст, како конструктивен актер. Тоа што е значајно за нас и вреди да се истакне е дека навистина успеавме да ги убедиме нашите европски партнери дека Македонија е земја на која може да се потпрат и во изминатиот период навистина направивме сериозни напори во справување со оваа мигрантска криза. Значајно е и тоа дека денеска, контролата врз македонско-грчката граница не е само план, туку тоа е реалност. Ние покажавме дека не сме во позиција да чекаме да се прават планови и финансии, туку ги воспоставивме оние мерки што Европа ги очекува од нас со сопствени напори и сопствени финансии, истакна Попоски, Како што јавува дописникот на МИА од Брисел.Според министерот за надворешни работи на Република Македонија, во моментов, на сите во Унијата им е јасно во кој правец треба да се дејствува во однос на бегалската криза. Попоски за МИА посочи дека „плановите повеќепати беа повторувани, но потребно е навистина да се стави фокус на имплементирање на тие мерки со цел да се спречи понатамошно штетно дејство од ефектите што нелегланата миграција ги има предизвикано во повеќе европски земји“.  
– На наша страна, напорите беа најмногу посветени на конторла на границата и спреување на нелегалните текови и насочување на оние мигранти и бегалци што имаат основа да бараат азил во ЕУ, на центрите за регистрација и таму каде што треба да бидат процесуирани до земјите на крајна дестинација, посочи Попоски.
 
Тој по состанокот наведе дека сите знаат оти Грција е во многу тешка ситуација и дека на оваа држава несомнено и е потребна помош, но дека тој мисли дека Македонија покажала дека може тие напори да ги реализира, односно да дадат резултати.
 
– Имавме конструктивна дискусија за тоа што треба да ни се помогне, но сметам дека нашата порака беше јасна – ние веќе исполнивме и воспоставивме контрола на границата без да чекаме дополнителни планови и допонителни финансии. Тоа мора да биде вреднувано! – порача Никола Попоски.
 
За изјавата на неговиот унгарски колега Петер Сијарто, дадена пред денешниот состанок во холандската престолнина, оти седум земји-членки на ЕУ и на Шенген инсистираат Унијата и Шенген да се бранат на македонска територија кон Грција и дека се споменува и испорака на воена опрема и војници на македонската граница, со цел да ја заштитат како Македонија, министерот Попоски со одговор дека „за Македонија, најдобра опција е доколку овие текови се спречат што е можно порано, односно во Турција и особено на турско-грчката граница и доколку напорите за обезбедување на надворешните граници се во Грција“.
– Тоа е од причина што алтернативните резултати се да е соочиме со ситуација во која ќе имаме маса на бегалци во Грција која ќе врши притисок на нашата јужна граница. Ова не е идеално сценарио за нас, но мораме да ги согледаме реално работите. Токму затоа, како што реков, контролата на македонско-грчката граница е веќе реалност. Тоа го правиме со наши ресурси и благодарни сме за помошта што ни ја даваат на билатерално ниво поголем број на земји-членки на Европската унија, пред се Австрија. Тоа е во делот на полицајци, т.е. луѓе што ни помагаат во делот на контрола на границата и во делот на опрема, како и во напорите за регистрирање на основани абратели за азил на влез во Република Македонија. Сето ова е добредојдено, но се надеваме, како што реков, дека секој ќе ја превземе својата одговорност и дека ќе успеат да се справат со спречување на нелегалните миграциски текови на ниво на грчка територија. Тоа е за нас подобра опција отколку ние да мора да бидеме ставени во незавидна ситуација. Затоа, ние не оставаме на случајност, туку ги превземаме мерките за контрола на нашата граница, образложи Попоски.
Со оглед на тоа што на денешнито состанок во Амстердам беше присутен и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, како и шефовите на дипломатиите на ЕУ-земјите, Попоски беше прашан и дали имал можност да разговара и за интеграцијата на Македонијаво рамки на Европската унија. 
 
– Една од штетите што е направена во делот на интеграцијата на Балканот е тоа што поради сериозната мигрантска криза веќе целата агенда за интегрирање на Балканот во Европа е во сенка на кризата што е поттикната од мигрантите. Тоа што го подвлековме во текот на оваа дискусија е дека сепак има некои точки на поврзување, особено во имплементацијата. Секогаш кога говориме за европските интеграции, од европска страна ни се нагласува фактот дека е потребна примена, а не само гласањето на закони за приближување кон Европската унија. Мислам дека овој пример покажа добро дека и во делот на справување со мигрантската криза е многу значајна примената, посочи Попоски.
 
Според македонскито министер, тоа е од причина што плановите и иницијативите се веќе познати со месеци наназад, но дека е очигледно е дека нема примена на тие планови и на тие мерки од страна на повеќе фактори. – Токму поради тоа сме во ситуација поради која Македонија треба да ги брани резервните граници на браникот на Европа. Нам не ни треба тоа, нам ни треба да бидеме дел од Европската унија, заклучи министерот Попоски.
 
Според информациите од кабинетот на минситерот за надворешни работи на Македонија, тој на маргините на денешнито состнаок имал билатерални средби со речиси сите присутни министри на змејите-членки на Униајта, меѓу кои за издвојување се средбите со неговиот германски колега Франк-Волтер Штајнмаер, со австриско-унгарската двојка Себастијан Курц и Петер Сијарто, како и со грчкито шеф на дипломатијата Никос Коѕијас.
 
По завршувањето на „Гимних“-состанокот во Амстердам, Високата претставника на ЕУ, Федерика Могерини и претседавачот со Советот на Унијата, Берт Кундерс, на заедничка прес-конференција посочија дека овој состанок бил „плоден и корисен“ и дека истиот покажал дека ЕУ дели одговорност за бегалската криза и „или ќе најде или воопшто нема да најдеме решение“. Според Могерини, денеска е испратена силна порака дека постои заеднички инструмент за справување со кризата во која сите се во ист брод сме и треба да развијат повеќе заеднички инструменти.
 
– Дискутиравме за изнаоѓање на заеднички начин за справување со овој проблем, не за билатерално менаџирање на надворешните граници на ЕУ. Надворешната политика на ЕУ ја делат и кандидатските земји на Балканот и главните пораки од сите министри се поддршка, координација, европски пристап и посебно солидарност, посочи Могерини.
 
Холандскиот министер Кундерс, пак, потврди дека некои земји-членки на ЕУ превзеле билатерални начини за справување со кризата, дека градат огради и засилуваат гранична контрола. – Но, ние не сакаме билатерални мерки, туку европски пристап за менаџирање на оваа криза. Важно е да се поддржуваат земјите, а земјите што ветија, треба и да ја испорачаат помошта на Грција, порача Кундерс.
 
Сепак, и покрај тоа, четирите земји од Вишеградската група (Унгарија, Полска, Чешка и Словачка), за 15-ти овој месец закажаа состанок на ниво на шефови на држави на кој се поканети само уште македонскиот претседател Ѓорге Иванов и српскиот премиер Александар Вучиќ. Целта е токму на билатерално ниво со македонската и српската држава да се договори заштита на ЕУ-границите и на Шенген-зоната.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија