Попоски: Откочување на евроинтеграциите за внатрешна стабилност

Од:

Преку откочување на евроинтеграциските процеси ќе се постигне поголема внатрешна стабилност, а ЕУ треба да го направи членството за Македонија достижно, истакнал Никола Попоски на денешниот состанок на делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет Македонија-Европска Унија, што се одржува во Стразбур.

На состанокот, со кој претседаваше европратеникот Алојз Петерле, во присуство на известителот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, и претставник од Европската комисија беа разменети мислења за актуелната политичка ситуација во Македонија, како и за актуелни прашања поврзани со европскиот интегративен процес.

Како што соопшти Попоски на состанокот укажал дека голем дел од причините за длабоката политичка криза се поврзани со недостигот од јасна перспектива за европската интеграција на Македонија. Со сигурност, потенцирал Попоски, и решенијата што треба да ги бараме во следниот период лежат во враќање на кредибилноста и отпочнување на преговорите за идно членство на Македонија во ЕУ. Без тоа, навел тој, многу тешко може да се надминат и тековните внатрешни предизвици.

– За решение на политичката криза кое ќе биде одржливо, мора да се знаат и правилата на игра во иднина. Правилата мора да се однесуваат и на изборот на Претседател на Собранието на Република Македонија, принципите за формирање Влада и спроведувањето на избори. Покрај оваа домашна работа, неопходно е и ЕУ конечно да го направи членството за Македонија достижно, истакнал Попоски.

Состанокот со европратениците од Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – ЕУ се одржа во пресрет на претстојната дискусија на Пленарна сесија на Европскиот парламент за Резолуцијата за Македонија на известителот Иво Вајгл.

Би можело да ве интересира

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација

Медиуми: Европа го изневери Киев со својата одлука за рускиот имот

Горан Наумовски

Орбан: Успеавме да ја спречиме ЕУ да ѝ објави војна на Русија

ЕУ со најголема побарувачка за кадар во продажба, маркетинг и производство