Попоски: Не радува што доаѓа одговор на писмо и иницијативи со кои сме настапиле

Од:

Македонските власти го поздравија предложувањето на Меморандум за разбирање од Грција. Првата реакција на Министерството за надворешни работи пристигна во форма на извадок од Дипломатскиот дневник на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Се оценува дека предложувањето на Меморандумот е можност за надминување на недоразбирањата што постојат меѓу двете земји.

„Најавено во Атина, очекувано во Скопје, упатено преку world wide web.
Нè радува што доаѓа одговор на писмо и иницијативи со кои сме настапиле.
За поздравување.
Со писмото, Меморандум за разбирање.
Можност за надминување на недоразбирања”, пишува Попоски во својот Дипломатски дневник.

„Добро е да се разбереме:
1. Добри соседи работат на намалување на чувството на загрозеност;
2. Взаемно почитуваат суверенитет и територијален интегритет и поттикнуваат прекугранично поврзување;
3. Носат одлуки кои ги почитуваат демократските принципи и владеењето на правото, и дома и надвор;
4. Апсолутно ги почитуваат сите претходно превземени обврски;
5. Водат сметка за градење доверба и ги почитуваат чувствата и правата на своите граѓани и на соседот.

Сакаме европски односи со европски соседи”, се вели во дневникот на Попоски.

Засега изостанува реакција од македонските власти во однос на конкретната содржина на документот.

Грчките власти преку писмо испратено од шефот на дипломатијата Димитрис Аврамопулос во четвртокот предложија потпишување на Меморандум за разбирање, со генералните принципи за кои Македонија и Грција треба да се согласат во меѓусебните односи.

Меѓу другото, Атина предлага Грција и Македонија да се согласат дека конечното решение на спорот со името ќе содржи одредница што јасно ќе ја одвои територијата на Република Македонија од регионот Македонија, особено делот од тој регион во северна Грција.

Би можело да ве интересира

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов

МНР: Ниту едно ДКП нема инструкции да доставува ноти до земјите на акредитација

Горан Наумовски

МНР: Има доволно патни листови во дипломатско-конзуларните претставништва, издавањето е без надомест

Горан Наумовски

30 евра чини патниот лист за граѓаните со неважечки пасош кои треба да се вратат во Македонија

Орце Костов

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов