Попоски не очекува Бугарија да ја попречи ЕУ иднината на Македонија

Од:

Минатото не треба да биде пречка за развој на иднината, вели министерот Никола Попоски за македонско-бугарските билатерални односи. Тој не очекува дека Бугарија ќе ја попречува македонската евроинтеграција.

– Убеден сум дека во Бугарија не постои никаква придобивка од негативен став кон Република Македонија. Мислам дека нашиот искрен и отворен однос, кој беше повторен и на последната премиерска средба Груевски – Борисов во Скопје и на претходните министерски средби кои ги имавме се доста добар индикатор за тоа што сакаме да постигнеме. Сакаме коректен, отворен и конструктивен однос помеѓу два европски партнерa. Би било исклучително штетно доколку Бугарија игра улога на попречувач на евроинтеграциските процеси на Македонија, со оглед на тоа што е земја од последниот бран на проширување на Унијата, и е земја која има видено огромни придобивки од таа интеграција. Не постои никаков аргумент Бугарија да дозволи какви било попречувања во иднина за реализација на европскиот проект кој вклучува и членство на Македонија во ЕУ, изјави за Дojче веле министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски.

Нагласува дека една од клучните пораки упатена на сите средби е дека со историјата треба да се занимаваат историчари и дека не смее да се дозволи минатото да биде пречка за развој на иднината.

– Тоа значи почитување и на меѓусебните ставови и права за самопределување Исто, како што Македонија и Македонците ја почитуваат Бугарија и Бугарите, исто, толку треба и бугарските граѓани и бугарската држава да ја почитуваат волјата и чувствата на Македонија и на македонските граѓани, вели Попоски.

 За можната динамиката на македонско-бугарските односи, шефот на дипломатијата порачува дека Скопје останува посветено на реализација на сите проекти и инцијативи што ги има поддржано.

– Постоеше најава, која се надевам дека ќе се реализира за кусо време, за продолжување на средби помеѓу претставници на министерствата за надворешни работи. Наша оценка е дека и натаму сакаме да имаме квалитативно подобрување што е можно поголем број контакти, вклучително и на политичко ниво и сметаме дека тоа е одраз на одличните односи кои постојат помеѓу луѓето и бизнисите од двете земји. Целта ни е да ги оставиме позади нас сите оние вештачки креирани проблеми кои мотивраа определени блокади во односите меѓу Македонија и Бугарија, изјави министерот за надворешни работи на Никола Попоски.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството