Попоски на средба со Данкан: Членството во НАТО останува наша стратешка определба

Од:

Реформските процеси, евроатланските перспективи на Република Македонија и внатрешната состојба, беа дел од темите на средбата помеѓу вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски и министерот за Европа и Америка при британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан.

Како што соопшти македонското Министерство за надворешни работи, министрите разговарале и за билатералните односи, како и за неодамнешниот ЕУ референдум во Обединетото Кралство и натамошните чекори на британската Влада за излез од унијата.

– Очекуваме идното позиционирање на Велика Британија да остане поволно во однос на Македонија и регионот, особено во делот на економската размена и поддршката во евроатланските интеграции, констатирал Попоски и додал дека не очекува поместувања на сметка на земјите-кандидати, особено во делот на трговските договори кои ќе следуваат.

Посебен акцент соговорниците ставиле и на членството на Република Македонија во НАТО како стратешка определба. Министерот Попоски, изразувајќи благодарност за континуираната британска поддршка за интеграцијата на Република Македонија во меѓународните организации, ја потенцираше посветеноста за продолжување на партнерскиот однос помеѓу двете држави и потребата за развој на врските, се вели во соопштението од МНР.

Министерот за Европа и Америка при британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан, денеска оствари средби и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и со потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски