Попоски на Самитот на НАТО во Кардиф

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре, во рамки на Самитот на НАТО во Кардиф, ќе учествува на сесијата посветена за ангажманот на алијансата во Авганистан (ИСАФ формат) на ниво на шефови на делегации од сите земји членки на НАТО и земјите партнери.

На Самитот ќе биде организирана и посебна сесија на ниво на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО со четирите кандидати за членство – Република Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија. Во овој формат ќе се дискутира и за политиката на проширување на алијансата.

Министерот Попоски, во Кардиф, ќе ги изнесе македонските видувања во поглед на одложеното членство од 2008-ма година и напорите кои се вложуваат за негова реализација, како и очекувањата од аспект на партнерскиот однос кој го имаме, после констатацијата од Меѓународниот суд за правда за прекршување на меѓународното право од една земја членка на НАТО.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток