Попоски на министерска конференција ЕУ – Западен Балкан во Солун

Од:

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Солун ќе учествува на министерската конференција ЕУ-Западен Балкан, што ја организира грчкото претседателство со Унијата.

Како што јави дописникот на МИА, пред почетокот на состанокот, Попоски ќе има работен појадок со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

„Со оглед на претстојните европски избори и новиот петгодишен мандат на Европскиот парламент и Комисијата , важно е ЕУ и земјите од проширувањето во Западен Балкан да ја потврдат нивната посветеност на европската перспектива“, соопшти грчкото претседателство во најавата за настанот.

Според Атина, „во исто време важно е да се утврдат начините на понатамошно промовирање на европската агенда на регионот, вклучувајќи го и директното позитивно влијание врз животот на граѓаните, без разлика на или паралелно со напредокот што е постигнат во процесот на пристапување на нивните земји“.

Дискусиите на министерскиот состанок во Солун ќе имаат политички и оперативен елемент и затоа се поделени во две сесии.

Министерот Попоски ќе учествува во првата сесија, со тема „2004-2014: Десет години од проширувањето и европската интеграција на земјите од Западен Балкан“, на која учесниците ќе ја потврдат посветеноста на ЕУ кон европската иднина на регионот и решеноста на земјите од Западен Балкан да продолжат по патот на реформите поврзани со ЕУ. Исто така ќе се дискутира за постигнувањата и предизвиците на политиката на проширување во поглед на понатамошно промовирање на европската агенда во Западен Балкан.

Втората сесија е насловена „Надвор од Солунската агенда: Транспорт и енергетско поврзување“, и ќе биде посветена на енергетскиот и транспортниот сектор, проценка на потребите од инвестиции во инфраструктурата во овие два сектори, а ќе се разменат и мислења за изгледите за воспоставување стратешка рамка за зајакната соработка и финансиска помош.

Министрите за надворешни работи меѓу двете сесии ќе имаат и работен ручек на кој ќе разговараат за тоа како да се зајакне европската интеграција на Западен Балкан во реални услови преку поврзување во енергетскиот и транспортниот сектор, во регионот и во ЕУ, во меѓувреме промовирајќи раст, конкурентност и вработување , паралелно со процесот на пристапување на секоја земја, а ќе се дискутира и за поврзување во пошироки геостратегиски услови.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов