Попоски на конференција “10 години по Солун: Оценка на ЕУ перспективата и предизвиците во Западен Балкан“

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Даблин ќе учествува на Конференцијата “10 години по Солун: Oценка на ЕУ перспективата и предизвиците во Западен Балкан“, што се одржува во рамките на Ирското претседателство со ЕУ.

Како што соопшти МНР, целта на конференцијата е да се одбележи 10-годишнината од донесувањето на Солунската агенда за процесот на проширување на ЕУ со земјите од Балканот, да се оцени постигнатиот напредок, тековните предизвици и перспективите за успешно заокружување на овој процес.

Се очекува на форумот да бидат дискутирани промените во политиката на проширување на ЕУ, генерално и кон Балканот, пост-лисабонските предизвици, кризата на еврото, економската стабилизација, како и идните чекори во интеграцијата на земјите од Балканот во ЕУ. Министерот Попоски ќе има свое обраќање на сесијата посветена на иднината на проширувањето на Унијата со земјите од Балканот.

Домаќини на конференцијата се ирските министри за надворешни работи и за европски прашања Ејмон Гилмор и Лусинда Крејтон, а најавено е учество и на комесарот Штефан Филе, министрите за надворешни работи на Словачка и Хрватска, на генералниот секретар на Советот за регионална соработка, и други.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов