Попоски на Европскиот форум во Вахау

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе учествува на Европскиот форум што се одржува во Вахау, Австрија.

Генералната тема на годинашниот форум е „Од другата страна на кризата – контури на новата Европа”. Се очекува дискусиите да бидат фокусирани на неколку актуелни прашања важни за иднината на Европската унија и тоа Европската безбедносна и одбранбена политика, субсидијарноста и солидарноста, економската перспектива низ призма на буџетските политики, како и улогата на културата во европската интеграција и надворешните односи на ЕУ, соопшти МНР.

Предвидено е министерот Попоски да има излагање на тема „10 години Заедничка безбедносна и одбранбена политика – како понатаму?”.

На настанот ќе учествуваат бројни претставници од политичкиот и научниот свет, меѓу кои и комесарот за регионална политика во Европската комисија  Јоханес Хан.

На маргините на Форумот, се очекува шефот на македонската дипломатија Никола Попоски да има средба со министерот за надворешни работи на Австрија, Михаел Шпинделегер.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов